Трагедија: Се урна авион врз станбен блок, над 30 загинати
Во непосредна близина на аеродромот Манас во Киргистан денеска се урна турски товарен авион, а во несреќата загинаа најмалку 32 лица, пренесе ТАСС, повикувајќи се на киргистанските власти.
Повеќето од жртвите, меѓу кои има и шест деца, биле жители на населеното место врз кое паднал авионот „Боинг 747“.
Аеродромските власти соопштија дека авионот летал од Хонг Конг за Истанбул, а на меѓународниот аеродром Манас требало да има привремено слетување, но се урнал додека се обидувал да се приземји во услови на густа магла, забележуваат британските медиуми.
Заради несреќата аеродромот Манас е затворен.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека во несреќата биле разурнати 15 куќи.
Според информации на агенцијата Анадолија, урнатиот авион припаѓал на турската авиокомпанија „Мај карго ерлајнс“, позната, исто така, и како „Еј-Си-Ти Ерлајнс“, посочува ТАСС.
Ново на Сител
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита