Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
Меѓу првите приоритети за заштита од загадениот воздух кој убива по 3.000 лица годишно во Македонија е да се контролира какво гориво се внесува во земјава, но и да се колираат индустриските емисии. Да се врати акцизата за кокс, а инспекторатот да врши изненадни инспекции на терен.
Колку што е власта, толку се и општините одговорни да ги заштитат граѓаните од токсичниот воздух- ова се ставовите на поранешната директорка на државниот инспекторат за животна средина, кои ги посочи денеска на надзорната расправа во Собранието.
Како предизвици со кои се соочува инспекторатот се недоволниот број лиценцирани инспектори, но и неволност на инспекторите да работат.
Еден од клучните предизвици со кои се соочува државата е судската практика, која не предвидува ефикасна заштита на човековите права и не утврдува правна одговорност во областа на животната средина, истакна Бојан Трпевски од Здружението на млади правници.
Денешната надзорна расправа на анкетната Комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот била по барање на 20 пратеници, соопшти претседателот на Комисијата, Димитар Апасиев. Но ниту еден од власта не се одзвал да присуствува, а поканети биле премиерот Мицкоски, министерот за животна средина и министерката за енергетика. Поканети биле и четири скопски градоначалници, меѓу кои и Данела Арсовска и претседателот на ЗЕЛС, Ѓоргиевски но ниту тие не дошле.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар