Балкан
23. August 2015 - 14:20

Трагедија: Пронајдено тело на маж во автобус

Непознат маж на околу 45 годишна возраст пронајден е денес на последното столче во автобус во Белград, пишуваат српските медиуми.
 
Телото го пронашол возачот и веднаш пријавил во полиција.
 
На телото нема траги од повреди.
 
Увидот е во тек.