-->
-->
ТРАГЕДИЈА: Почина едногодишно бебе кое било претепано од таткото
-->

Едногодишно бебе, кое е примено вчера во Ургентниот центар во Белград поради тешки телесни повреди кои му ги нанел таткото, почина и покрај повеќечасовната борба на докторите да му го спасат животот.
Несреќното бебе починало во касните вечерни часови, пишуваат српските медиуми. Во Ургентниот центар била и мајката на бебето која изјавила дека повредите на детето му ги нанел таткото.
К.К. (25), таткото на едногодишното бебе кој вчера го претепал во Земун, изјавил на сослушувањето дека не знаел што прави.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија го уапсиле синоќа К.К (1990) поради постоење на сомневање дека причинил кривично насилство во семејството над едногодишно дете.
Бебето старо една година примено е вчера во Ургентниот центар со тешки телесни повреди на абдоменот, им било изјавено на Танјунг од таа установа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
