-->
-->
Трагедија: Пејачот Влатко Илиевски утрово пронајден мртов
-->
33 годишниот македонски пејач Влатко Илиевски утрово бил пронајден мртов во автомобил во Скопје.
Информацијата ja потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде посочуваат дека кај нив е пристигната пријава околу 23 часот синоќа.
Од МВР истакнуваат дека Илиевски бил пронајден починат во возило марка „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство.
Министерството за внатрешни работи информира дека на лице место е извршен увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција по што се очекува да бидат познати повеќе детали.
Триесет и три годишниот Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден