Трагедија на Водици - воз усмрти маж кај Миравци
Маж загинал вчера околу пладне откако воз удрил во него.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила на пругата кај железничка станица Миравци, поточно на влезниот сигнал на железничка станица Миравци, во момент кога товарен воз управуван од 55-годишниот З.Г. од Скопје кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце удрил во 64-годишниот С.Г. од селоМиравци.
– Од здобиените повреди при ударот, С.Г. починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија, информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 15:30 часот, по што бил нормализиран. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска