-->
-->
Трагедија на патот Охрид-Кичево: Во сообраќајка 4 лица повредени, неофицијално- едно од нив починало
-->
Четири лица се повредени во тешка сообраќајна незгода меѓу две патнички возила што попладнево околу 14 часот и 40 минути, се случила на патот Охрид- Кичево, во близина на селото Издеглавје, општина Дебарца. Четирите повредени лица, од кои едно со тешки телесни повреди, биле итно пренесени во болницата „Св. Еразмо“.
Неофицијално, едно од лицата им подлегнало на повредите.
Поради несреќата, извесен период имало застој во сообраќајот на овој патен правец при што возилата се пропуштале наизменично.
Се очекува набрзо СВР Охрид да објави и подетални информации за причините кои довеле до оваа тешка сообраќајна незгода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња