-->
-->
Трагедија на македонските патишта: Загина маж во тешка сообраќајна несреќа
-->
Седумдесет и двегодишен велешанец утрово загина во сообраќајна несреќа во Демир Капија, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
- Околу 06:00 часот во Демир Капија на ул.„Партизански одреди“ пред куќен број 84 случена е сообраќајна незгода, при што, патнички автомобил марка „Опел астра“ со неготински регистарски ознаки управуван од М.Н.(47) удрил пешак Б.Т.(72) од Велес, кој се движел на коловозот во ист правец како и автомобилот. Од добиените повреди пешакот починал на местото на настанот, кое е констатирано од страна на екипата за Итна медицинска помош од Неготино, соопшти Додевски.
Во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци увид извршила екипа од Полициската станица Неготино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата