Трагедија на автопат: Девојка се враќала од одмор, загинала кога се обидувала да му пријде на бебето

Германската полиција соопштила дека 28 годишна жена загинала на автопат во Баварија откако испаднала од автомобил во движење, додека се обидувала да се префрли во задниот дел на возилото, како би се погрижила за своето бебе, пишуваат германските медиуми.
Несреќната жена со сопругот и седумесечното бебе се враќала од Хрватска каде што биле на одмор. Полицијата не го наведува идентитетот на загинатата жена.
Таа испаднала низ отворената врата додека се обидувала да се провлече низ двете седишта до задниот дел на автомобилот како би се погрижила за бебето старо неколку месеци, додека автомобилот се движел по автопатот А96 западно од Минхен. Полицијата наведува дека нејзиниот сопруг кој го возел автомоибилот веднаш по трагедијата закочил и застанал, но било предоцна.
Мажот на полицијата и рекол дека неговата сопруга сакала да го види детето, па се качила на совозачкото седиште и се лизнала држеји ја рачката на вратата. Тогаш вратата се отворила и таа испаднала на патот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
