-->
-->
ТРАГЕДИЈА: Младо момче се удави утрово во Охридското езеро
-->

Младо момче од Тетово претпладнево се удави во Охридското езеро во водите кај т.н. Машка плажа, потврдија од МВР.
Полицијата и нуркачки тимови сè уште не го нашле неговото тело и потрагата трае.
Неофицијално, настанот се случил нешто после пладне, а засега не се знаат причините за трагедијата.
Момчето било на педалинка со женско лице. Од полицијата коментираат дека тоа во еден момент скокнало во водата за да плива, но повеќе не се појавило на површината. Настанот се случил на 400 метри од брегот. Во тој дел езерото е длабоко со темно дно, коментираат од спасувачките тимови. Во моментов неколку лица го пребаруваат дното.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските тенисери пред тежок испит, Кипар има предност од 2:0
-

Трамп за 19 февруари го планира првиот состанок на Одборот за мир
-

Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово
-

„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
