Балкан
22. May 2017 - 13:11

Трагедија: Младо момче од ергенска вечер замина во смрт

Божидар Крњајиќ (21) загина во сообраќајна несреќа коај вчера рано утрото се случи на безнинската пумпа во Пригревица. Во тешката сообраќајка е повреден и 23-годишниот Милан Радојчиќ.

Според неофицијалните информации, момчињата се враќале од ергенска вечер кај својот пријател.

Изгубил контрола

-Веднаш по влезот во селото Радојчиќ, кој бил зад воланто на хјундаи, изгубил контрола над автомобилот и се забил бо бетонски приод пред една куќа и слетал во канал, велат од полицијата.

Ја сечеле каросеријата

Очевидци веднаш повикале итна помош, која многу брзо стигнала на местото на тешката несреќа.

-Сцената беше ужасна! Автомобилот од силината на ударот бил целосно смачкан. За да ги извлечат несреќните момчиња, лекарите и полицијата повикале пожарникари од Апатин кои го сечеле уништениот автомобил, вели извор.

Но и покрај брзата реакција на надлежните, на Божидар му немало помош.

Од тежината на здобиените повреди починал на местото на несреќата. Радојичиќ е итно префрлен во сомборската болница. Таму е контатирано дека има повреди опасни по живот, и од тие причини е префрлен во Клиничкиот центар во Нови Сад.