Трагедија: Македонски државјанин прегазен на автопат во Швајцарија додека менувал тркало

Македонски државјанин загина откако бил прегазен од автомобил додека менувал расипана гума на комби, во понеделникот во Швајцарија, дознава 24 Инфо. Трагичната сообраќајка се случила на автопатот А1 во близина на местото Обербурен во кантонот Сент Гален.
Возач на комби пријавил во локалната компанија за помош на пат дека му е дупната гумата, па на повикот бил испратен Адем Б.(24), кој за кусо стигнал на местото. Тој заедно со возачот(50) со дигалка почнале да го креваат возилото за да ја сменат левата предна гума.

Тогаш во нив налетал автомобил „алфа ромео“ управуван од врсник на Адем, по што работникот и возачот со тешки повреди биле пренесени во болницата. Лекарите се обидувале да го спасат Адем, но тој истата вечер починал.
Сопственикот на компанијата во која работел македонскиот државјанин е шокиран од несреќата, но не ја коментирал бидејќи немал официјални информации од полицијата. Колегите на загинатиот, пак, имаат само пофални зборови за Адем, кој бил вреден и посветен работник. Сепак, тие со горчина рекле дека не се заштитени и премногу често се случуваат вакви несреќи во кои страдаат нивни колеги и тоа при рутински дефекти каков што бил во понеделникот.
Од полицијата нема подетални информации за несреќата освен дека комбито било регуларно паркирано на лентата за сопирање, па фокусот на истрагата е насочен кон возачот на „алфата“.
Очевидци на трагедијата, пак, тврдат дека тој зборувал на мобилниот телефон што му го одвлекло вниманието па удрил во двајцата. Возачот на автомобилот, наводно, им рекол на роднините на починатиот дека вината е негова.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
