Трагедија: Македонец возач на камион загина утрово во сообраќајка во Германија
Во сообраќајна несреќа утрово загина 29-годишен возач на камион од Македонија, пишува Букефал клуб.
Како што информираат од порталот несреќата се случила утрово во 06:50 часот на автопатот А44 во близина на Витен, а во правец кон Дортмунд, кога младиот возач од непознати причини излетал десно од патот и удрил во бетонски столб од надвозник. Тој загинал на лице место, а неговото тело било заглавено во смачканата кабина, која од силата на ударот се поделила надолжно на два дела и притоа 25 тони тркала со жица и други метални делови се распрскале наоколу по коловозот.
Поради тоа што не било сигурно дека столбот не е оштетен од ударот, градежен инженер ја тестирал стабилноста на мостот, при што две од трите ленти биле затворени за сообраќај. Патот бил повторно пуштен во употреба околу 9:40 часот.
Полицијата ја процени материјалната штета на 150.000 евра.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје