Трагедија кај Росоман: Во директен судар на две возила загина жена

Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случила денес околу 12:30 часот во близина на Росоман.
-До несреќата дошло откако патничко моторно возило Форд Фиеста со скопски регистарски таблички , движејќи се на патот, кај местото викано Камендолска спирка во близина на Росоман се исклучило од колоната возила сакајќи од левата коловозна лента да сврти лево на спротивната страна на патот. При тоа, возилото го пресекло патот на друго патничко возило марка Мерцедес, кое доаѓајќи од спротивната насока директно удрило во Форд Фиестата. Од ударот на лице место починало едно лице, патничка на Форд Фиестата, а повредени се возачот и совозачот, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место, при што е издадена Наредба за вршење на обдукција на починатата, Наредби за прибирање на траги од лице место и сообраќајно техничко вештачење.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
