Македонија
19. јуни 2016 - 9:59

Трагедија го потресе Тетово: Двајца млади загинаа во сообраќајка со мотор

Две лица на возраст од 20 и 25 години го загубиле животот во тешка сообраќајна несреќа со моторцикл, што синоќа околу 20 часот се случила во близина на бензинската пумпа „Петрол Компани“ на автопатот Тетово - Скопје.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, лицето што го управувало моторциклот загубило контрола  при што излетале од патот и заедно со својот сопатник починале.

Увид на местото извршиле  екипи на полицијата и јавниот обвинител по што, како што рече Јосифовски, ќе се знаат точните причини за сообраќајката. 

Ново на Сител