Балкан
6. December 2017 - 14:43

Трагедија две куќи зави во црно: Објавиле на Инстаграм дека возат со 200 км/час па се зачукаа во бетонска ограда

Братучедите, 21-годишниот Ахмед и Енес Муратовиќ од Башиговац, загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила во местото Ѓурѓевиќ во Босна.

Сообраќајната несреќа се случила претходната ноќ околу 2.30 часот кога возилото „фолцфаген пасат“ со кое управувал Енес Муратовиќ изгубил контрола над ацтомобилот и удрил во бетонски ѕид, а потоа и во куќа покрај патот.

На самото место загинале Енес и неговиот роднина Ахмед Муратовиќ кој се наоѓал на совозачкото место, а потешко е повредено 16-годишно момче кое било на задното седиште од автомобилот.

Како што се дознава, момчињата таа ноќ биле да се забавуваат, а Ахмед на својот Инстаграм профил непосредно пред несреќата објавил снимка, на која се гледа како автомобилот вози со брзија од 200 км на час.

Смртно настраданите момчиња и повредениот 16-годишник од смачканиот автомобил морале да ги извлекуваат пожарникари. Од силниот удар во армираната ограда камења летале на сите страни, а парчиња завршиле во спалната соба на Денан Џихановиќ.