Балкан
1. December 2016 - 10:31

Трагедија: Девојче (9) почина поради стрес, два дена пред соочување со педофилот!

Девет годишно девојче почина како последица на срцев удар кој го добила поради стрес, на само два дена пред соочување со педофилот обвинет дека сексуално ја злоставувал. 
 
Осомничениот е дедо на нејзина другарка. Девојчето било итно префрлено во болница, откако изгубила свест во својот дом во Борнови, провинција Измир, Турицја. 
 
Докторите кои не успејаа да ѝ го спасат животот велат дека грижата и стресот од соочувањето со педофилот на суд биле премногу за срцето на деветгодишното дете, пишува Daily Mail.
 
Ј.К. била под огромен стрес поради случувањата, поради што и не одела на училиште. Инцидентот се случил пред 4 месеци, а од тогаш таа посетувала детски психолог. Нападот го извршил Т.Ц. (58), дедо на нејзина другарка додека си играле во дворот на нивниот дом.