Трагедија: Цело семејство со автомобил влета во река, загина нивната ќерка
Девојка (34) чии иницијали се В.С. почина утрово од повредите здобиени кога автомобилот во кој била излетал од патот во кањонот на реката Рзав кај Вишеград, додека нејзините татко, мајка и сестра се повредени.
-Девојката загина утрово околу 3.30 часот во Универзитетската болница во Фоча каде се наоѓа и нејзината мајка која е во стабилна состојба, велат од таму.
Според лекарите другата девојка (В.И.) поради тежината на пворедите од ужичката болница е префрлена во Белград на лекување, додека таткото (В.Ѓ.) е во стабилна здравствена состојба и се наоѓа во болницата во Ужице.
Во полицијата соопштуваат дека сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 21 часот кога автомобилот „форд фокус“ влетал во реката од магистралниот пат Вардиште - Вишеград.
Според неофицијалните информации, станува збор за семејство од Ужице, кое имало потекло од Република Српска.
Веднаш по пријавата дека возило излетало во кањонот на местото излегле сите полициски службеници од ПС Вишеград, како и пожарникари и Брза помош, а во извлекувањето помогнале и граѓаните кое се нашле во близина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден