Традиционално искачување на врвот Љуботен
Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово викендов организира искачувањето на врвот Љуботен на Шар Планина. Од клубот согласно препораките на Федерацијата на планинарски спортови за „организација на планинарски акции“сите заинтересирани ги повикуваат формално да се пријават.
– Собирот на заинтересираните е во сабота во 16 часот пред просториите на клубот во Тетово по што се поаѓа кон Старо Село, а потоа и до планинарскиот клуб „Љуботен“ каде е предвидено сместувањето. Во недела тргнувањето кон врвот Љуботен е предвидено за во 8 часот. Очекуваното пристигнување на врвот е околу 10 часот и 30 минути, информираат од ПК „Љуботен“.
Организаторите информираат и дека исхраната за искачувањето е во сопствена режија, индивидуално, предвидена за планинарска тура до 8 часа. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема и секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција.
Љуботен е планински врв висок 2.498 метри, а впечатливоста му е што има облик на пирамида.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор