Традиционално искачување на Титов врв
Под мотото „Да се искачиме на 2.747 метри и да дадеме поддршка, Шара да се прогласи за национален парк" денеска и утре ќе се одржи 35-тата манифестација за искачување на Титов врв, во организација на Тетовскиот планинарски клуб „Љуботен"
Манифестацијата ќе почне денеска на Попова Шапка со отворање изложба на фотографии и презентација на туристичките потенцијали на Шарпланинскиот регион.
Утре планинарската колона ќе се упати кон Титов Врв, тргнувајќи од платото пред хотел „Попова Шапка". Пешачењето до највисокиот врв на Шара, по „Вакуфска патека" ќе трае околу 5 часа и ќе биде проследено со еколошка акција за чистење на сметот долж планинарската патека до Титов Врв.
Планинарите, како што најави организаторот, ќе добијат информации за придобивките од тоа Шар Планина да биде прогласена за национален парк и ќе имаат можност да дадат поддршка на оваа иницијатива.
На досегашните искачувања учествувале 21.700 планинари.
Настанот е поддржан од проектот „Рурален развој преку интегрирано управување со шумските и водните ресурси (LEIWW)", имплементиран од страна на SWG во соработка со GIZ.
Планинарскиот клуб „Љуботен" е најстариот активен планинарски клуб во Македонија, кој постои од 1925 година.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец