Традиционален саем на медот во Кочани со бесплатна едукација за потрошувачите
Во Кочани по 22. пат се одржува дводневниот Саем на медот, чиј организатор е локалното пчеларско здружение „Матица“. На манифестацијата, која е најголема од ваков вид во источниот регион, штандови имаат 25 пчелари и пчелни стопанства од Битола, Куманово, Тетово, Пробиштип, Свети Николе, Виница и од Кочани.
Покрај мед и пчелни производи, на посетителите на саемот им се нудат и пчеларски алати и опрема.
- Годинава беше релативно поповолна за пчеларството во споредба со претходните и произведовме квалитетен шумски мед. Во зависност од подрачјето во регионот во кој се наоѓаат пчелните семејства, количините се во рамки на просекот, односно околу 12 килограми од кошница. Присутни се и пчелари од беровскиот крај кои добија многу повисоки приноси од просечните. Иако немаме меѓусебен договор, сепак цената што ја бараат нашите пчелари се движи меѓу 350 и 400 денари за килограм, што е во рамки на рентабилноста, истакна претседателот на здружението „Матица“, Благој Митев.
Новина на саемот годинава е обезбедената бесплатна едукација со печатен материјал и средби со потрошувачите на кои им се укажува за корисноста од употреба на медот, како да препознаат природен мед и за начинот на користење на другите пчелни производи.
Покровител на манифестацијата е општина Кочани, а градоначалникот Николчо Илијев истакна дека при крај е постапката за прогласување на Осоговскиот регион за заштитено подрачје што се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво и Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Ново на Сител
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава