Македонија
1. September 2019 - 16:12

Традицијата со пукање на свадба продолжува - полцијата поднесе пријава за таткото на невестата

На  01.09.2019 во ПС Битола е повикан Ж.А. (47), за  кој е пријавено дека на 31.08.2019 околу 15.30 часот за време на свадбена свеченост на неговата ќерка пукал од пиштол. З.А. изјавил дека пукал од сигнален  пиштол, кој го поседувал без дозвола.

Пиштолот е одземен и во координација со ОЈО ќе биде поднесен соодветен поднесок.