„Традицијата продолжува“ в недела во Студеничани

Меѓународната културно-спортска манифестација (пеливанство) „Традицијата продолжува“ в недела по шести пат ќе се одржи во скопското село Студеничани. Манифестацијата ќе се одржи во организација на Здружението за образование, култура, спорт и екологија, а е поддржана од Министерство за култура.
Ќе учествуват борачи-пеливани од Турција, Грција, Бугарија, Косово, Албанија, како и борачи од Македонија во пет категории.
- Освен пеливани на настанот ќе присуствуват и културни и уметнички друштва кои ќе пеат и играат и стари песни и ора. Граѓаните на Студеничани ќе подготват стари традиционални јадења за гостите, како ѓомлезе, татлија со трици, сутлијаш и други специјалитети кои се карактеристични за реонот Каршијака–Скопско, вели Афет Јашари, етнолог и организатор на манифестацијата.
Тој објаснува дека културната функција на пеливанството како традиционален спорт и вештина во општина Студеничани претставува своевиден културен артефакт поради поседување многу елементи со културна позадина во својата внатрешна структура.
Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ подготви елаборат со цел пеливанството да се заштити како културно наследство.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
