Традицијата наречена „Во Селник на Петковден“ продолжи и годинава

Пред црквата „Св.Петка“ која од страна на Управата за културно наследство е прогласена за културно наследство на Македонија денеска во делчевското село Селник продолжи традицијата наречена „Во Селник на Петковден“, општо-народен црковен собир кој секоја година во чест на празникот Петковден се организира во ова делчевско село.
Според инфомрациите на црковниот одбор, црквата датира од 14 век и е една од најстарите и градби со специфична архитектура во Пијанец.
– Црквата е како државен односно заштитен споменик. Се претпоставува дека е изградена во 14 век, а спрема фреските е докажано е дека потекнува од 17 век. Црковниот одбор овде секоја година организира прослава на денешниот ден ао што сакаме да ја задржиме традицијата. И годинава се подготвува вкусен ручек кој се дели на сите присутни кои годинава ги има во бројка од околу 700 посетители, велат од црковниот одбор.
Она што низ годините наназад е предизвик на црковниот одбор е заштита на фрескописот во црквата за кој црковниот одбор има план да се обнови.
-Поради недостиг на средства, секоја година се одложува заштитата. За да се реставира она што со љубов некој некогаш го насликал на ѕидовите, потребен е интерес од сите надлежни, бидејки е раритет кој ретко дека го има на друго место, истакнаа од црковниот одбор.
За заедничката трпеза годинава се подготвени 17 котли јагнешко месо кои биле обезбедени од страна на домаќините, кои се која година се пријавуваат да бидат спонзори на црковната гозба.
Денес црковен собир освен во Селник имаше и во селата Тработивиште и Ѕвегор.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
