Тотенхем победи во дербито и ги продлабочи проблемите на Манчестер Јунајтед
Тотенхем го совлада Манчестер jунајтед во 25. коло од Премиер лигата со 1:0.
Со ова Тотенхем ја прекина серијата од два порази и ја забележа четвртата победа во последните девет натпревари, додека Јунајтед продолжи да игра топло-ладно и шести натпревар по ред не успеа да слави против овој ривал.
Агелос Постекоглу по 35 години стана првиот менаџер на Тотенхем кој успеал да ги добие двата натпревари против Манчестер јунајтед во една сезона во Премиер лигата.
Со оваа победа избраниците Постекоглу ги прескокнаа „црвените ѓаволи“ на табелата, и сега се на 12. позиција, додека Јуанјтед се скандалозно лоши, во моментов се 15. во Премиер лигата.
Првиот и, како што се испостави, единствен гол во Лондон беше дело на Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.
Ударот на Бергвал беше го одбрани Онана, но одлично позиционираниот англиски репрезентативец налета на топката и лесно го погоди небранетиот гол на гостите.
Во вториот дел, чудо е што немаше барем еден гол, бидејќи двете екипи имаа по четири удари кон голот.
Јунајтед беше конкретен преку Гарначо и Зикркзе, но повратникот на голот на Тотенхем, Викарио не дозволи да биде совладан.
Ново на Сител
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски