Loading Video...
Фудбал
24. јуни 2020 - 12:37

Тотенхем ја прекина низата од седум натпревари без победа

Екипата на Тотенхем ја прекина низата од седум натпревари без победа во Премиер лигата. 
 
На дуелот од 31.коло одигран во Лондон, составот на Тотенхем со 2-0 го победи Вест Хем со што стигна до првата победа по низата од седум меча без триумф. 
 
Домаќините поведоа благодарение на автоголот на чешкиот интернационалец Сучек во 64.минута, додека во 82-та Хари Кин го постигна вториот гол за Тотенхем. 
 
Со оваа победа Тотенхем останува во игра за местата кои водат во европските купови следната сезона додека Вест Хем грчевито ќе се бори за опстанок.