Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Не е битно дали министерот за внатрешни работи е задоволен или не е задоволен од која било одлука на Јавното обвинителство, битно е дали граѓаните на крајот ќе видат правда во оваа сизифовска битка за да ја видиме правдата на крајот на краиштата - изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан за коментар по одлуката на Вишото ЈО да продолжи постапувањето по предметот „Мазут“.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Средното полициско училиште „7 Мај“, Тошковски изрази надеж дека ЈО „ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали што се поврзани не само со овој предмет туку и со сите други“.
- Сѐ со цел, на крајот на краиштата, да ја видиме светлата точка во тунелот, а тоа е да ја видиме правдата што сите ја посакуваме - изјави Тошковски, кој денеска ги поздрави учениците примени во Средното полициско училиште „7 Мај“ по повод почетокот на нивното образование.
Тошковски посочи дека од информациите споделени со него, а поврзани со предметниот случај, „ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени“.
- Јас кажав и претходно дека во согласност со она ко е со мене споделено како информација од страна на оние што работеле интензивно на овој предмет - истражители, кои се дел од Министерството за внатрешни работи, но упатени во работата во рамките на Јавното обвинителство за организиран криминал, а и некои од нив упатени во работата во рамките на Министерството за внатрешни работи во одделот за организиран криминал - информациите што беа споделени со мене, а се поврзани со предметниот случај, навистина сигурен сум дека ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени со јавноста. Еве толку ќе кажам и ќе ве оставам истрагата да си го каже своето во јавност понатаму - изјави Тошковски.
Вишото јавно обвинителство Скопје вчера ја укина наредбата за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ и го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја продолжи постапката.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство го уважил приговорот на АД ЕСМ против наредбата за запирање на истрагата.
Вишото јавно обвинителство го задолжило ОЈО ГОКК да прибере и анализира дополнителни податоци од повеќе институции, како и да нареди нови вештачења за целосно утврдување на сите околности во предметот и на евентуална кривична одговорност.
ОЈО ГОКК во мај годинава донесе одлука да ја затвбори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ „Неготино“. Од Обвинителството на брифинг со медиумите образложија дека по спроведената едногодишна истрага, не се потврдиле наводите од кривичната пријава поради што не било утврдено постоење кривично дело што се гони по службена должност.
Истрагата опфати вкупно 13 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, како и повеќе поранешни функционери и службени лица од енергетскиот сектор. Меѓу главните осомничени во предметот вреден 167 милиони евра се и бизнисмените Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко петрол“, и Ратко Капушевски, сопственик на РКМ.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
