Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар

Општина Гостивар ќе биде должна да соработува во целокупниот процес за нормализирање на состојбата, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на новинарско прашање околу соработката со локалните власти и дали ќе има проширување на истрагата за одговорноста на други лица за загадувањето на водата во Гостивар.
- Факт е дека заклучно со денес, целиот овој хаос е одговорност на Општина Гостивар и на органите во рамки на општината. Поради нивна неможност, државата денес донесе одлука да се вклучи и да го расчисти овој хаос максимално брзо. Органите во состав на Општина Гостивар се должни максимално да се вклучат во процесот. На состанокот којшто е закажан во 17:00 часот во рамки на ОВР Гостивар ќе бидат повикани сите надлежни кои можат да помогнат, изјави Тошковски.
Тој потврди дека со гостиварскиот градоначалник е извршен разговор во насока на утврдување на фактичката состојба.
- Ќе постапуваме во соработка со Јавното обвинителство за секој следен чекор, како од аспект на одговорност согласно Кривичниот законик, така и од аспект на ставање во нормална функција на водоснабдувачкиот систем, потенцира министерот Тоошковски.
Запрашан за коментар околу можноста истрагата да ја преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и одговорноста на надзорот на новиот водовод во Гостивар и кој го предал во употреба тој кажа дека за секој предмет каде што ќе се утврдат законски надлежности на ОЈОГОК тоа е должно да го преземе во рамки на своето постапување. Доколку утврдат дека постојат такви елементи, тоа е нивна надлежност. - А во однос на останатото прашање за надзорот, во овој момент не би можел да споделам такви информации. Сепак, да ги оставиме експертите да си ја одработат својата работа на терен - рече Тошковски.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
