Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денес на состанок со градоначалникот на Општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски разговараа за изградба на нова полициска станица во Општината. Министерот Тошковски од страна на градоначалникот Ѓорѓиевски беше информиран дека тие како Општина веќе имаат предвидено локација во деталниот урбанистички план за оваа намена, а потоа министерот и градоначалникот извршија увид на наведената локација.
Во моментов Полициската станица од општа надлежност Кисела вода се наоѓа во населбата Пролет која е на територија на Општина Центар.
„Со изградба на нов објект во централното подрачје на Кисела Вода ќе се овозможи побрзо и навремено постапување на полициските службеници на ова подрачје, а граѓаните ќе добијат поефикасен сервис и побезбедна средина за живеење“, потенцираше министерот Тошковски.
Ново на Сител
-
„Вреди“ бара ОЈО да истражи дали ДУИ правел криминал во „Државна лотарија“
-
Објавени производните цени за смедеревката и вранецот
-
Не стивнува епидемијата со голема кашлица – досега регистрирани се близу 1000 заболени
-
Фекалии течат среде улица во ,,Нерези''
-
Виничка иселеничка сага
-
Преглед на вестите од светот
-
Левица поднесе интерпелација за Гаши
-
Преглед на вестите од светот