Тошковски: Благодарност до Албанија за разбирањето на проблемот со личните документи

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев оствариле работна средба со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река, соопштија денеска од МВР.
На средбата министерот Тошковски се заблагодарил за целокупната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи и особено со амбасадата на Република Албанија.
- Особена благодарност министерот Тошковски упати за разбирањето што Република Албанија го има во однос на проблемот со личните документи. Амбасадорот Река исто така се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особени во борбата против организираниот криминал, граничното работење и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина, особено на патот кон полноправно членство во Европската Унија, се подвлекува во соопштението.
Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев исто така се заблагодарил за досегашната соработка со Република Албанија со заеднички акции во делот на недозволена трговија со дрога, а особена благодарност упатил за одличната организација и пречек за време на одржувањето на Берлинскиот процес во Тирана. Особена благодарност упатил и за потпишувањето на Договорот за соработка во областа на културата, со кој од Република Албанија беа предадени голем број украдени икони.
Ново на Сител
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
