Торнадо го зафати италијанскиот остров Пантелерија, двајца загинати
Најмалку две лица загинаа, а деветмина се повредени откако торнадо го погоди италијанскиот остров Пантелерија, помеѓу сицилијанскиот и тунискиот брег.
Како што јавуваат италијанските медиуми, меѓу загинатите има пожарникар кој не бил на должност и 86-годишен маж. Двајцата биле во своите автомобили кога торнадото го зафатил крајбрежниот пат.
Четири лица од повредените се во критична состојба. Некои ќе бидат пренесени во сицилијанскиот град Палермо.
Од невремето има урнати кровови и превртени автомобили.
Иако торнадата обично не се поврзуваат со Европа, секоја година се случуваат неколку стотици. За многу од нив нема информации бидејќи се јавуваат во некои оддалечени рурални области.
Годинава торнадо ја зафати и Чешка, при што загинаа пет лица, а 150 беа повредени.
Ново на Сител
-
ОЈО поднесе обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД