Торес од болница најави брз кам-бек
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, се огласи преку Твитер по повредата со која се здоби на натпреварот со Ла Коруња и поради што заврши во болница.
Страшна беше глетката на „Ријазор“ во 84.минута, кога по сударот со Алекс Бергантинос, Фернандо Торес остана неподвижен да лежи на теренот. Среќа што присебни беа соиграчите Габи и Шиме Врсаљко, кои му го извадија јазикот и го свртеа на страна до доаѓањето на лекарскиот тим.
Потоа тие му го имобилизираа вратот, го ставија на носилка и го однесоа во болница.
Ударот бил толку силен што го слушнале и оние кои биле на клупата на Атлетико Мадрид, заедно со тренерот Симеоне, кој по ударот жестоко реагираше кај четвртиот судија.
Торес во болницата станал свесен, разговарал со лекарите, а во текот на ноќта непрекинато примал пораки од соиграчите и колегите.
Ветаранот на сите им заблагодарил за поддршката и преку Твитер порачал дека бргу ќе се врати на фудбалските терени.
„Беше тоа само лажна узбуна. Ви благодарам за пораките на поддршка кои ми ги упативте. Се надевам дека набргу ќе се вратам на терените“, напишал Фернандо Торес.
Ново на Сител
-
Го оштетил Буџетот за 6.156.229 денари - Кривична пријава против сопственик на ХЕЛЕНА ДООЕЛ за „даночно затајување“
-
ДЗР: Слабостите во управувањето со здравствените услуги и лекови создаваат финансиски и оперативни предизвици во Клиниката за дерматологија
-
На 20-годишникот кој усмрти девојка кај „Силбо“ ќе му се испитува крв и урина, издадена наредба за обезбедување на снимки
-
Куче спречи натпреварувач во уметничко лизгање да се качи во урнатиот авион во САД
-
Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии
-
Ѓорческа елиминирана од првата носителка на турнир во Франција
-
Италијански регулатор бара од кинескиот Дип Сик одговори за користење лични податоци
-
ЛШ: Милан загуби од Динамо и пропушти пласман во Топ 8, прв пораз на Ливерпул