Топ листа на најпопуларни женски имиња во светот
На светско ниво спроведено е истражување за најпопуларните имиња во светот, без разлика на културолошките разлики и обичаи.
Во истражувањето се вклучени земји од Европа, САД, Канада и Австралија. Следува листа на интернационални женски имиња, кои се на врвот на популарноста во сите земји од светот:
Миа – Едноставно и кратко име, кое ги освои родителите ширум светот. Миа е шесто име во САД, второ во Германија, прво во Англија, Австралија, Хрватска, Мексико, Австрија, Норвешка и Словенија.
Софија – Станува збор за име кое на грчки јазик значи мудрост. Ова е име број еден во САД, како и во Шкотска и Северна Ирска. На второ место е во Холандија, а на четврто во Италија и Данска.
Оливиа – Име кое го популаизираше Шекспир за романтичната драмска претстава „Дванаесеттата ноќ“. Ова име се поврзува со маслиновата гранка и претставува симбол на мирот. Ова име во Англија, Велс и во Шкотска се наоѓа на второ место, а број еден е на Хаваите.
Ема – Станува збор за старо германско име, кое значи целосен. Името е број еден во Белгија, Финска, Франција, Германија и Норвешка, додека на второ место е во Канада, а на трето во Ирска.
Изабела – Неговата едноставност го прави популарно во целиот свет, а најпопуларно е во Англија, Канада, Бразил, Нов Зеланд, Данска, Шпанија, Австралија, Шведска и Ирска.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o