Loading Video...
Тенис
5. July 2021 - 18:17

Топ фаворитите Ѓоковиќ и Барти експресно до четвртфиналето на Вимблдон

 Топ фаворитите на Гренд-слемот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Ешли Барти експресно обезбнедија пласман во четвртфиналето. 

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ без многу мака по само три одиграни сета против Чилеанецот, Гарин обезбеди пласман во четвртфиналето, во кое за противник ќе ги има Унгарецот, Мартон Фушович кој во пет сета го победи  (5) Русинот, Андреј Рублев. 
 
7-носител Матео Беретини од Италија во три сета го доби Белорусинот, Ивашка. Италијанецот за место во полуфиналето ќе се бори со победникот од дуелот меѓу (4) Германецот, Александер Зверев и Канаѓанецот, Феликс Агуер Алиасиме. Најнеизвесниот меч го одиграа Карен Качанов и Американецот, Себастијан Корда кој го доби рускиот тенисер во 3:2 откако во решевачкиот сет славеше со 10-8 во гемови. 
 
И кај дамите првата носителка Ешли Барти немаше проблеми во Барбора Крајчикова од Чешка која Австралијката ја победи со 2-0 во сетови. Таа сега го исчекува мечот меѓу нејзината сонародничка Ајла Томљановиќ и 18-годишната Британка, Ема Радукану.
 
Големо изненадување приреди Тунижанката, Онс Џабер која во три сета ја победи 7-носителка Ига Шватек од Полска, па во четвртфиналето Џабер ќе игра против втората фаворитка Арина Сабаленка откако Белорусинката со 2:1 во сетови беше подобра од Рибакина од Казахстан. 
 
8-та носителка Каролина Плишкова од Чешка со  6-2 и 6-3 беше подобра од Русинката, Самсонова па за место во полуфиналето ќе се бори со подобрата од мечот меѓу Американката, Медисон Кејс (23) и Викторија Голубовиќ од Швајцарија