Loading Video...
Тенис
20. April 2018 - 13:10

Томислав Јотовски елиминиран во четвртфиналето во Анталија

Томислав Јотовски го заврши својот настап на турнирот во Анталија. 
 
Најдобро рангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да ја оствари и третата  победа на Ифучерс турнирот во Анталија кој се игра за награден фонд од 15.000 долари. 
 
Јотовски остана без пласман во полуфиналето на овој турнир откако во третата (четвртфинална) рунда во два сета загуби од  Чехот, Павел Неједли
 
Во првиот чешкиот тенисер му препушти само еден гем (6-1) на Јотовски, кој не успеа да ја најде вистинската игра ниту во вториот во кој доби еден гем повеќе, односно истиот го загуби со 6-2.