Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
Триесет и деветгодишниот Томче Голабоски од Струга беше најсреќен меѓу стотиците верници кои денеска скокаа по светиот крст во студените води на реката Црн Дрим.
Голабоски, кој по петти пат го вади чесниот крст во Струга посака секој стружанец, но и секој верник да го осети тоа свето чуство.
- Како и на секој стружанец, најголема желба ни е да го фатиме крстот. Чуството е преубаво и поскаувам секој да го осети, изјави Голабоски, нагласувајќи дека светиот крст носи среќа секоја година без разлика дали ќе го фатиш.
Упати апел за продолжување на традицијата со поддршка секој стружанец да скока по крстот.
На манфестацијата присуствуваше претседателката Гордана Силјаноска Давкова, министри, пратеници и градоначалникот на Струга Рамис Мерко, а чинот на осветување на водите во реката Црн Дрим, го изврши архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан.
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите