Кошарка
15. July 2020 - 10:14

Томас стана играч на Бруклин

 НБА клубот Бруклин нетс го промовира својот нов кошаркар, Ленс Томас.

Двете страни потпишаа договор со важност до крајот на сезоната 2019/20.

Бруклин го донесе 32-годишниот Американец како замена користејќи го дополнителниот трансфер прозорец.

За потсетување, Томас се подготвуваше за оваа сезона во кампот за тренинзи на Нетс, но беше избркан на 18 октомври.