Тодорови трки по седми пат во Виница
Виница годинава по седми пат беше домаќин на возобновените Тодорови трки, кои се организираат по повод верскиот празник Тодорица. Годинава учествуваа над 300 учесници во десет различни дисциплини.
- Во натпреварите учествуваа ученици од основните и средните училишта од општината, од детските градинки, како и повозрасни граѓани кои се напреваруваа во десетина традиционални спортски дисциплини. Средствата што ќе ги собереме од Тодоровите трки годинава ќе бидат наменети во хуманитарни цели, односно ќе оцениме на кои луѓе им е потребна помош и на тие ќе им помогнеме, изјави Емил Дончев, градоначалник на општина Виница.
Годинава, додаде Дончев, во традиционалните Тодорови Траки се вклучија и повеќе компании од општината, со што директно учествуваа во хуманитарната активнсот која ја спроведуваме.
Манифестацијата е поврзана со одбележувањето на верскиот празник Тодорова сабота, а нејзиното возобновуавање го покрена општина Виница за да не се заборават спортските обичаи што пред стотина и повеќе години ги практикувале нашите предци.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел