Македонија
26. August 2016 - 15:42

Тодоров во посета на Здравствениот дом во Радовиш

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска беше во работна посета на ЈЗУ Здравствен дом–Радовиш, каде што прв пат е инсталиран современ апарат мамограф.

Новиот апарат, истакна Тодоров, за 10 до 15 дена ќе виде воведен во „Мој термин“, со што пациентите ќе можат да добијат квалитетна здравствена услуга.

- Досега во Радовиш немаше мамограф и жените кои што имаа потреба од ваков тип на преглег и за скрининг беа принудени да одат во другите блиски здравствени центри. Со набавката на мамографот, кој е набавен и во соработка со општината , благодарност до општината затоа што ги здруживме средствата за да се набави мамограф. Со овој апарат ќе се овозможи граѓаните на Радовиш услугите да ги добиваат тука, рече Тодоров.

Тој нагласи дека во Здравтсвениот дом во Радовиш се воведени и две нови методи за пациентите, а тоа се ехо кардиографија и ехо доблер.

- Во тек е оглас за прием на еден доктор и една сестра, а сега се договоривме и да се овозможат и три нови специјализации за Радовиш, за интерна медицина, ургентна медицина и психијатрија, рече Тодоров.

Министерот за здравство посочи дека во тек се завршните градежни работи за енергетска ефикасност на објектот, а како што го информирал директорот на ова здравствена институција, досега со реконструкцијата на дел од објектот имаат и заштеда на нафтата од пет тони, што е добро од финансиски аспект, но и за заштита на животната средина.

- Исто така денеска се договоривме да здружиме средства меѓу Здравствениот дом, Министерството за здравство и Општина Радовиш со цел да направиме конверзија на системот за греење од нафта на пелети. На овој начин дополнително и серииозно ќе се намали цената за греење во зимскиот период, изјави .

Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов нагласи дека како локална власт и понатаму ќе продолжат со заедничките инвестиции во Здравствениот дом во Радовиш во интерес на пациентите.