Тодоров: Со Груевски никогаш не сум се скарал
Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во вчерашното гостување во емисијата анализа на 24ТВ објасни како се одвивал процесот за избор на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сметам дека човек понекогаш треба да се повлече од политиката и јас тоа го направив. Тоа коинцидираше со настаните од 27 април и после тоа се повлеков и од пратеник. Подрастично и посериозно ја донесов одлуката со изборот на новиот претседател, односно на новото раковдство. Тогаш јас имав еден друг концепт, едно друго размислување. Не сакав да бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не се ни кандидирав. Јас имав друг став околу тоа како партијата треба да продолжи понатаму, односно да се направи едно колективно тело од пет до седум луѓе кои ќе го води ВМРО-ДПМНЕ во еден транзиционен период, кој што ќе направи реформа и на статутот, генерално во правец на демократизација на партијата и потоа да се организира еден конгрес со поголем број на делегати. Сепак, тоа не беше причина за кавга. Јас со Груевски никогаш не сум се скарал, се скарав со Сашо Мијалков, кој за разлика од мене не сметаше дека треба да има колективно тело, туку еден лидер. Мијалков застана позади изборот на Мицкоски – истакна Тодоров во интервјуто
Ново на Сител
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
