Тодоров: Една третина од новите апарати ќе бидат наменети за кампусот клиники „Мајка Тереза“
За кампусот клиники „Мајка Тереза“ ќе бидат набавени 936 апарати во вредност од 11,5 милиони евра. Значи една третина од целата набавка на медицинска опрема ќе биде за кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање за проектот за набавка на 3.700 медицински апарати во вредност од 33 милиони евра за над 100 јавни здравствени установи во државата.
- Ова е одлична вест за сите здравствени работници, за сите пациенти, за сите граѓани, затоа што на овој начин сериозно ќе се обнови опремата која ја има во здравството во Македонија, но и ќе се набави опрема што досега ја немало, рече Тодоров по работната посета на Клиниката за инфективни болести.
Посочи дека тоа го показува и фокусот на Министерството за здравство, но и реалните потреби, затоа што, како што рече, тука е врвната медицина и се слеваат огромен број особено тешки пациенти кои имаат потреба да бидат третирани на најсовремена медицинска опрема.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година