-->
-->
Тоа што оваа жена и го има направено на својата најдобра пријателка не може да се опрости!
-->
Дијана Варндел (51), по неколку години осаменост, на интернет ја пронашла својата сродна душа, Вејн (48). Пред седум години жената организирала мала, интимна, романтична венчавка. Кратко потоа, парот го проширил семејството, добиле два сина.
Сепак, оваа брачна идила прикинала поради неверство, односно откако Вејн ја изневерил сопругата со нејзината најдобра пријателка Лени.
За сето ова да биде уште полошо, самата Дијана го запознала својот сопруг со Лени.
Тие две биле навистина блиски пријателки, се чувствувале како да се сестри, па си ги кажувале сите свои тајни.
После некој период Лени почнала да и кажува дека се запознала се некој маж и дека многу им е убаво, но не откривала кој е тој. Набрзо потоа и останала бремена, добила ќерка, но се уште не и кажувала на својата пријателка за таткото.
Дијана и Вејн често ги посетувале Лени и нејзината ќерка, а „парот“ на тие средби се однесувал сосема нормално.
И сето тоа се криело се додека Вејн не и соопштил на Дијана дека си заминува, без никаква причина.
После тоа, Дијана преку телефонски повик од своја пријателка, дознала дека нејзиниот маж живее на истата улица со нејзината „сестра“.
Скршена откако ја дознала вистината, дека ги загубила двајцата најдобри прители во животот, Дијана продолжила само со своите синови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари