Тито запалил пура во Белата Куќа: Побарале да ја изгасне, а неговиот одговор бил генијален
Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито бил познат по своите раскошни патувања. Многу случки говорат за моќта, почитта и угледот што ги поседувал во светот претставувајќи ја Југославија.
Па така во 1971 година тој бил личен гостин на Ричард Никсон, претседателот на САД. Заедно со својата сопруга ја посетиле Белата Куќа каде биле пречекани со највисоки почести, а снимката од пречекот го заобиколила светот.
На таа посета на САД се случила случка за која уште се зборува во светот и која покажува колку бил голем Тито, а Југославија силна држава.
Додека треал состанокот со Никсон, во собата полна со новинари, Тито запалил пура.
Тито најверојатно сакал да направе мала провокација и тоа го изведил на маестрален начин. Прво во Белата куќа пушењето било забрането уште од 1946 година. А другата интересна работа е тоа што состанокот се одвивал во време кога нетрпеливоста помеѓу Америка и Куба била на најголемо ниво, а Тито со пури се снабдувал од Куба.
Никсон пробал да реагира.
– Господине претседателе, ние овде во Белата куќа не пушиме, му рекол американскиот претседател на Тито.
– Блазе вас! – едноставно одговорил лидерот на Југославија смеејќи се и пушејќи ја својата пура.
После непријатната тишина која потрајала неколку моменти, Никсон до крајот на состанокот веќе не ја споменал оваа забрана.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот