ТИРЗ: Целосно неточни и измислени се наводите дека се склучени договори на „штета на граѓаните“
Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ изнесени на денешната прес конференција за незаконски тендер за мониторинг на исплата на државна помош.
Целта на договорот за „Мониторинг на државна помош“ е да се спроведе внимателна и детална проверка на сите барања за исплата на државна помош токму за да се осигура заштита на јавниот интерес и парите на граѓаните.
Оваа новина е воведена во 2021 година и ја вршат надворешни ревизори. Конкретно, за 2021 година, преку отворена постапка за јавна набавка, ангажирана е меѓународната ревизорска куќа Прајсвотерхаус Куперс. Во изминатата година исплатени се вкупно 720 милиони денари државна помош кон компаниите, а вкупниот трошок за ангажманот на ревизорите е под 1% од овој износ.
Воедно, укажуваме дека согласно Законот за контрола на државна помош, на кој се повикува политичката партија ВМРО ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренција врши контрола на давателите на помош (институции), а не на корисниците на истата (компании). Дополнително, согласно Законот за ТИРЗ и наведениот член 12, регулирана е евиденцијата на дадената помош, а не контрола на направените трошоци на компаниите.
Во однос на објавената постапка за набавка за 2022 година, истата е целосно во согласност со Законот за јавни набавки и, во моментот, тече евалуација на пристигнатите 4 (четири) понуди. И за оваа постапка важат истите критериуми како и за 2021 година, каде е ангажирана Прасјвотерхаус Куперс.
Инаку во рамки на овој договор се спроведува проверка на тековните барања за исплата на државна помош по договори, кои во дел се склучени во периодот до 2017 година. Како што неодамна објави Дирекцијата за ТИРЗ, во 2021 година исплатени се вкупно 720 милиони денари државна помош, а вкупните трошоци за ангажманот за проверка на барањата за исплати се под 1% од оваа сума.
Имајќи го предвид сето претходно, јасно е дека Дирекцијата за ТИРЗ, преку воведување на ваков механизам на проверка и следење работи исклучиво во заштита на интересот на граѓаните и јавните средства. Останува нејасно чиј интереси застапува политичката партија ВМРО ДПМНЕ и зошто и кому му пречи проверката на барањата за исплата на државни средства.
Дирекција за ТИРЗ
Ново на Сител
-
ОЈО Битола доби нов Истражен центар за борба против најтешките и најсериозните облици на криминал
-
Николоски: Клучната разлика меѓу оваа и претходната влада е што сега се испорачуваат резултати, откочени се проектите од коридорите 8 и 10
-
Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ
-
До 13 часот изгаснати четири пожари, еден активен во Берово
-
Украинскиот парламент усвои закон со кој се обезбедува независност на антикорупциските надзорни тела
-
Зеленски повика на „промена на режимот во Русија“ и конфискација на рускиот имот
-
Комисијата за избори и именувања распиша јавен оглас за нов претседател на ДКСК по оставката на Димитровска
-
Во јуни раст од 22.5 % во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун