Тирана ги коригираше проектираните параметри за економскиот раст

Албанската Влада на премиерот Еди Рама ги коригираше претходно планираните бројки за економскиот раст и тоа не само за оваа туку и за наредните три години, јави диписникот на МИА.
Тоа, како што оценуваат албанските медиуми, е првпат една албанска Влада официјално да признае дека економијата не оди со очекуваната динамика и оти нејзиниот раст ќе биде понизок од планираниот за годината.
Според стратешкиот документ за 2015 година, економскиот раст е намален од три отсто, колку што претходно беше проектиран, на 2,7 отсто. Намалувањето претходно го најави и ММФ.
За 2016 година планираните четири отсто се намалуваат на 3,4, за 2017 година од 4,5 на четири проценти, а за 2018 година предвидениот раст е намален од 4,5 на 4,3 проценти.
Показателите за економскиот раст не се единствена корекција, бидејќи и бројките на јавниот долг ќе бидат повисоки од оние кои беа планирани на почетокот од оваа година.
Имено, на почетокот на годинава Владата планираше намалување на долгот на 68,9 отсто од БДП за наредната година, а сега таа брјка е поместена на 71,3 проценти, додека во 2018 година наместо 62,1, колку што претходно беше проектиран, сега е корегиран на 65,8 отсто од БДП.
Како што претходно соопшти Министертвото за финансии на Албанија јавниот долг на земјата првпат ја мина границата од една илјада милјарди леки и почна да се мери во билиони леки.
На крајот од првото полугодие од годинава, националниот долг достигнал 1 билион 15 милијарди и 324 милиони леки (7,3 милијарди евра). Споредено со крајот на минатата година бројките говорат дека долгот пораснал за 38 милијарди леки (273 милиони евра).
Најголемиот дел од долг отпаѓа на кредити директно земени од Владата, додека околу 60 милијарди леки (431 милиони евра) се обврски на јавните претпријатија, кои иако не се услужуваат од буџетот, државата била гарант за нив.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
