Македонија
14. September 2016 - 15:47

Тинејџерка прегазена на пешачки на Партизанска

Тинејџерка е тешко повредена во сообраќајка која се случи во Влае, на булеварот Партизанска. Девојката на возраст од 18-20 години била повредена на пешачки премин и се здобила со тешки повреди на вратот и главата, кога се судриле две возила марка „Форд Фиеста“ и „Мазда 3“ со скопски регистарски таблички.

Таа разговарала кога ја поминувала улицата, едното возило закочило, а другото удрило во него.