-->
-->
Тинејџер на Борусија Дортмунд стана најмлад фудбалер во историјата на Лигата на шампиони
-->
Бундеслигашот Борусија Дортмунд вечерва имаше повод за двојна радост по гостувањето кај Зенит во Лигата на шампиони (ЛШ), откако со триумфот од 2-1 влезе во нокаут фазата како првопласиран во Х-групата, а тинејџерот на „милионерите“ Јусуфа Мукоко стана најмлад играч во историјата на елитното натпреварување.
Тинејџерот на Борусија Дортмунд дебитираше во ЛШ со 16 години и 18 денови, соборувајќи го рекордот, кој досега го држеше Селестин Бабајаро настапувајќи за Андерлехт со 16 години и 85 денови.
Мукоко, кој е роден во Камерун, но игра за младинските репрезентации на Германија, испиша историјата, откако влезе во игра од клупата за резерви на местото на Феликс Паслак во 58 минута на мечот во Санкт Петербург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
