Македонија
8. April 2017 - 12:29

Тинејџер ги претепал мајка си и бабата поради пари

Осумнаесет годишно момче од Прилеп вчера попладне физички ги нападнал својата мајка и баба. Случајот во полиција го пријавила неговата 41 годишна мајка.

Од полицијата денес информираат дека во семејниот дом започнала вербална расправија меѓу синот и мајката, по што момчето со тупаници и клоци ја удирал мајка си по целото тело.

Бабата на момчето се обидела да ги раздвои и смири, но тој и неа ја нападнал нанесувајќи и тешки повреди, скршеница на десната рака која била констатирана од доктор.

Неофицијално причина за расправијата биле пари, односно тинејџерот барал пари од мајка си. Истиот е приведен во полиција.