-->
-->
Тина Тарнер ја расфрли пепелта на својот син во Океанот: Мојот најтежок момент како мајка
-->
Тина Тарнер ја расфрли пепелта на нејзиниот син Крег Рејмонд Тарнер во Океанот. Тој изврши самоубиство дома во неговата куќа пред помалку од еден месец.
Тарнер вчера објави фотографија на социјалните мрежи, на која роднини и пријатели се собрале во Калифорнија, за да му оддадат последна почит на Крег.
Под сликата Тина напиша: „Мојот најтажен момент како мајка. Во четвртокот, на 19 јули 2018 година, реков последно збогум на мојот син Крег Рејмонд Тарнер, откако ја расфрлив неговата пепел во друштво на семејството и пријателите на калифорнискиот брег ... Тој беше 59 кога почина трагично, но тој секогаш ќе биде мое бебе“.
Најстариот син на Тарнер беше пронајден мртов дома во почетокот на јули. Истрагата покажа дека Крег се застрелал во главата.
Тина го роди Крег на само 18 години. Неговиот татко е саксофонистот Рејмонд Хил. Подоцна Тина се омажи за Ајк Тарнер, кој го посвои Крег и му го даде неговото презиме. Најстариот син на Тина дипломирал на колеџот Санта Моника и работел како брокер за недвижнини. Тој не се оженил и нема деца.
Тина Тарнер има уште тројца синови - Рони (57), кој е единственото нејзино дете од бракот со Ајк и неговите деца од првиот брак - Ајк Џуниор и Мајкл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот