Тимот на ФЕИТ прв на меѓународниот натпревар по LabVIEW
Студентската екипа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ) оствари најдобар екипен резултат на балканскиот натпревар по LabVIEW, што се одржа во Загреб, Хрватска. Македонскиот тим го сочинуваа студентите Мино Тодоров, Стефан Аговски и Андреј Станковски, под менторство на професорите Живко Коколански и Бодан Велковски.
- Резултатите говорат за нашата посветеност како екипа. Јас освоив второ место, а како екипа сме најуспешни на натпреварот. Тоа е одлично доколку се земе предвид дека имаше натпреварувачи од осум универзитети од Балканот. Многу сум задоволен што и покрај многуте обврски успеавме да најдеме време и успешно да се кооридинираме, заедно да споделиме она што знаеме и успешно да се подготвиме за натпреварот, изјави Мино Тодоров во име на добитниците.
На натпреварот учествуваа 21 студенти од универзитети од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија. Македонската екипа во јуни годинава се сертифицираше со Certified LabVIEW Associated Developer – CLAD диплома. Овој успех на македонската екипа е повторување на минатогодишниот успех на истиот натпревар, што тогаш се одржа во Белград.
- Секоја година учествуваме на меѓународниот натпревар по LabVIEW со тим студенти од ФЕИТ. Ова не е наш прв успех, напротив, она што ме прави посебно задоволен се континуираните резултати кои ги постигнуваме. Минатата година исто така бевме најдобри во екипна конкуренција и имавме и второ место во поединечна конкуренција, изјави професорот д-р Живко Коколански.
Покрај квалитетот на нашите студенти, како што рече, успехот се должи и на посветеноста на LabVIEW академијата на ФЕИТ, која само во последните три години успеа да сертифицира 20 студенти со интернационално призната CLAD диплома.
Факултетот за електротехника и информациски технологии наредната година ќе биде домаќин на натпреварот по LABVIEW, по предлог на претставникот на National Instruments за Источна Европа, Андреј Дрозг и едногласното прифаќање од страна на сите ментори од другите држави.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора